ДИК: Исполнет е цензусот за претседателските избори
Одѕивот на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 53,12 отсто, додека на вториот круг од претседателските избори 45,34 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Со ова и формално е остварен цензусот за успешност на вториот круг од претседателските избори, кој претпоставува на избори да излезат најмалку 40% од гласачите запишани во избирачкиот список.
Најголема излезност на гласачите за вториот круг од претседателските избори, според податоците што ги соопшти потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи, има во Новаци - 71,89 отсто, а најмала во Желино 9,03 отсто.
Во однос на изборните единици и гласањето за предвремените парламентарни избори најголема е излезноста во ИЕ 4 60,82 отсто, во ИЕ 3 - 60,11, во ИЕ 1 - 54,32, во ИЕ 5 51, 24, во ИЕ 2 49,24 и во ИЕ 6 - 43,63 отсто.
Според избирачкиот список, право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 1.780.128, а на претседателските 1.779.572 граѓани.
Слично
