Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК ги преброја речиси сите гласови: Предност за Иванов од 122 илјади

ДИК ги преброја речиси сите гласови: Предност за Иванов од 122 илјади
Државната изборна комисија на својата интернет страница ги објави резултатите од преброени 99,72% од гласачките места од вчерашниот прв круг на претседателските избори во Македонија. Според нив кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов освоил 448.304 гласа или  51,64% од гласовите, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освоил 326.069 гласа или 37,56% од гласовите, кандидатот на ДПА Илјаз Халими освоил 38.965 гласа или  4,49% од гласовите, а кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски освоил 31.360 гласа или 3,61% од гласовите. Во текот на денот се очекува ДИК да излезе со официјалните резултати од првиот круг на претседателските избори, но веќе е извесно дека во вториот круг, на 27 април ќе се соочат Иванов и Пендаровски.
Слично

Поврзани вести