Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК ја укинува опцијата за пријавување нерегуларности во Избирачкиот список

ДИК ја укинува опцијата за пријавување нерегуларности во Избирачкиот список

Државната изборна комисија од полноќ ќе ја затвори опцијата за пријавување на нерегуларности во записите во избирачкиот список на веб-страницата на ДИК.

ДИК ќе ги повлече од интернет страницата Избирачкиот список со вкупниот број гласачи и Списокот на неконзистентни записи – предмет на теренски проверки со кој се опфатени нешто повеќе од 89.000 спорни гласачи.

Ова Комисијата го одлучи вечерва на јавната седница откако тоа од нив го побара Дирекцијата за заштита на лични податоци и притоа донесе две привремени решенија.

Дирекцијата за заштита на личните податоци ги донесе двете решенија откако по службена должност изврши вонреден инспекциски надзор во ДИК поради објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб-страница.

Според Дирекцијата, Изборниот законик во членот 55 став 1 предвидува дека личните податоци содржани во Избирачкиот список се заштитени во согласност со закон и не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на избирачкото право на граѓаните.

Со електронскиот пристап до името и презимето и адресата на сите избирачи преку интернет за неодреден период, постои ризик личните податоци да бидат злоупотребени.

Слично

Поврзани вести