ДИК добила 3.537 барања за регулирање на гласачкото право
До Државната изборна комисија досега се доставени 3.537 барања за регулирање на избирачкото право.
Од нив, ДИК прифатила 3.359, во фаза на разгледување се 122, а 56 барања се во обработка. Барањата можат да се достават во подрачните едници на ДИК или по електронски пат.
Вкупно 39.502 граѓани се на списокот со спорни записи по вкрстените и административни проверки на избирачкиот список.
ДИК на својата веб-страна има линк „Провери и пријави се“ преку кој граѓаните можат да пристапат до списокот со спорни гласачи и веднаш до него да најдат електронско барање за регулирање на избирачкото право. Се очекува ДИК да ја интензивира кампањата во последната недела пред истекот на рокот односно 19 август.
Можност за пријавување граѓаните ќе имаат за време на јавниот увид пред предвремените парламентарни избори, што се очекува да се одржат до крајот на оваа година.
