Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК доби забрана да обезбедува електронски пристап до личните податоци

ДИК доби забрана да обезбедува електронски пристап до личните податоци

Забрана да обезбедува електронски пристап до личните податоци во Избирачкиот список доби денеска Државната изборна комисија после вонредниот инспекциски надзор.

Дирекцијата за заштита на личните податоци по службена должност донесе две привремени решенија .

Едното, е дека и се  забранува ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци во Избирачкиот список објавен на веб страницата на начин кој не е во согласност со прописите за заштита на личните податоци, додека пак, второто решение се однесува на забрана да  објавува на својата веб страница лични податоци на физички лица (име и презиме, пол, адреса, место и општина, датум на раѓање, податок за иселени лица и број на гласачко место), содржани во Списокот на неконзистентни записи-предмет на теренски проверки.

Од дирекцијата посочија дека овие решенија се со цел да се спречи понатамошна повреда на правата на субјектите на лични податоци и нанесување евентуални штетни последици до донесувањето на решенијата.

Слично

Поврзани вести