ДИК: До 17 часот гласале над 40% гласачи
На ниво на Македонија, до 17 часот вкупно 40,99% од запишаните во избирачкиот список го оствариле своето право на глас, во првиот круг од претседателските избори, објави Државната изборна комисија.
По општини најголема е излезноста во Новаци (69,23%), Демир Хисар (66,82%), Кратово (66,37%), Вевчани (64,96%), Демир Капија (64,82%). Од поголемите градови, во Битола излезноста е 54,21%, Прилеп 58,82%, Охрид 50,06%, Велес 52,21%, Куманово 38,84%, Струмица 52,56%, Штип 58,20%.
До ДИК досега се пристигнати податоците од 3.412 од вкупните 3.512 гласачки места на кои се гласа денеска.
Од скопските општини, во Кисела Вода излезноста до 13 часот е 55,77%, Карпош 55,91%, Аеродром 54,32%, Чаир 13,75%, Гази Баба 44,79%, Центар 53,87%.
Значително послаба е излезноста во општините со поголем процент албанско население. Најслабо е во Арачиново 7,74%, Желино 7,60%, и Липково 8,09%. Во Гостивар излезноста е 18,86%, во Тетово 20,47%, а во Струга 21,57%.
Деталниот преглед по сите општини можете да го погледнете на следниот ЛИНК
Слично
