ДИК: До 13 часот гласале една третина од граѓаните
До 13 часот излезноста на гласачите на ниво на држава изнесува 33,41%, а во Град Скопје излегле 33,88 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.
Според ДИК најмала е излезноста во општина Струга каде на 9 избирачки места се прегласува вториот изборен круг и до 13 часот гласале 29,5 отсто, или 1975 граѓани.
Највисока излезност има во општина Долнени, а на 39-те избирачки места каде што се гласа правото на глас го искористиле 4.508 граѓани или 38,58 отсто од гласачите.
Во општина Центар, каде се гласа на 29 избирачки места, од 22.939 гласачи изледле до 13 часот 7.865 гласачи, или 34,29 отсто.
Слично
