Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДИК да го повлече списокот на спорни гласачи“!

„ДИК да го повлече списокот на спорни гласачи“!
Колку граѓаните кои се најдоа на списокот со спорни записи се реално спорни, а колку резултат на некомпатибилни основи за вкрстување на податоците е прашање кое деновиве го отворија незадоволните граѓани и  невладиниот сектор. Бројката на оние кои преку канцелариите на ДИК или по електронски пат го докажале своето гласачко право е мала, но големо е незадовоството и револтот кај многумина кои со години живеат на иста адреса и нивното име фигурира во сите бази на податоци. Моделот на прочистување на списокот што го договорија партиите засега не ветува дека ќе се врати довербата во него, туку е обид да  се дефокусира вниманието од вистинските фиктивни гласачи, вели за Фактор, Орхан Муртезани, претседател на Центарот за Демократија и Развој. Според него сеуште е нејасно по која методологија и врз кои критериуми ДИК  го состави овој список на спорни гласачи, па оттука бришењето на гласачите ќе значи лишување од уставно загарантираното право на глас. 10553698_757007117766951_6942521102327056042_o“Иако првичниот став беше дека станува збор за граѓани кои живеат и работат во странство, секој ден има стотина случаи кога револтирани граѓани изразуваат незадоволство дека се опфатени во овој список, иако никогаш не живееле во странство. Ако го додaдеме  и фактот дека за пријавување на скоро 40 000 гласачи дадени се само дваесетина дена за да се пријават, фактот дека се наоѓаме во период на годишни одмори со што дополнително се усложнува работата, плус фактот дека на списокот се најдени комплетни фамилии на раководни лица од поновите албански опозициски партии, ние сме уверени дека станува збор за обид за лишување на правото на глас”- вели Муртезани. Член 22 од Уставот на Република Македонија, објаснува тој  го гарантира правото на глас на сите граѓани кои се на возраст од  18 години. Ниедна власт, владејачка партија, службено лице, поединец , како што вели  не е над законите и Уставот, туку треба да биде во заштита на интересите и правата на граѓаните. “Пошироката јавност од објавените бомби како и од перманентните обвинувања на СДСМ знае дека стануваше збор за стотина илјади фалсификувани лични карти и стотина илјади фиктивни гласачи кои, исто така според македонската опозиција, власта ги злоупотребила за да дојде на власт. Сега одеднаш, никој не ги оспорува ниту ги спомнува овие лични карти и фиктивни гласачи туку испаѓа дека спорни се 40 000 гласачи од кои повеќето се Албанци.Во овој случај ниту ДИК, ниту било која институција има можност и законско право да им го одземе правото на глас на овие граѓани. Имајќи предвид дека ДИК го има составен овој веќе скандалозен список и создаде конфузија обидувајќи се да им скрати уставно загарантирано право на скоро 40 000 граѓани, ние побаравме самата ДИК да ја направи верификацијата на овие гласачи, а не да се малтретираат граѓаните. Притоа на ниту еден од овие оспорени гласачи да не им се загрози правото на глас”- објаснува претседателот на Центарот за демократија и развој. Прочистуањето на списокот што е резултат од политичкиот договор меѓу четирите политички партии вели  ги става граѓаните во нерамноправна положба, бидејќи овие 40 000 граѓани се делат неправедно од другите граѓани. Оттука бараат  ДИК да го повлече списокот бидејќи постои опасност з на денот на избори да  се создаде хаос. “Лично сум скептичен и мислам дека овој договор не ги одразува барањата на граѓаните кои со месеци наназад бараа правда и мир. Како таков, многу е тешко да очекуваме тој да резултира со фер и демократски избори, дотолку повеќе што работата СЈО и понатаму останува на волја на актуелниот судски систем кој во повеќе наврати покажа дека е строго контролиран од политиката. Како невладина организација правиме се што е во рамки на нашите можности да им помагаме на граѓаните да се пријават во ДИК за да го зачуваат правото на глас кое спротивно на уставот им се загрозува. Меѓутоа, пријавувањето оди многу бавно. Значи, целиот фокус треба да се стави на тоа дека никој нема право да им го скрати правото на глас на граѓаните”- нагласува Муртезани. Политичката ситуација во земјата според него навидум е стабилна, меѓутоа вели го   плаши молкот на четирите поголеми политички партии во однос на списокот со 40 000 спорни гласачи, а особено за  стотина илјади фантомски, фиктивни гласачи што се носеа од Пустец. Во вакви услови смета дека наредните избори, било кога да се одржат  многу ќе наликуваат на претходните. “Според сите релевантни меѓународни извештаи ние живееме  се полошо и полошо. Не е суштински кога ќе има избори, туку дали тие избори ќе резултираат со институции кои ќе бидат во функција на граѓаните, дали ќе резултираат со демократско општество, дали ќе отвораат перспектива, ќе ја зајакнат довербата во институциите, ќе ја намалат институционалната дискриминација кон етничките заедници, и најбитно од се, дали ќе има правда. Во последно време се повеќе се убедувам дека станува збор за стратегија која критичката маса ќе ја принуди да замине од државата, стратегија што коалициските партии на власт ја одработуваат многу вешто. Оваа ситуација на режимите им ја зајакнува стабилноста и им ја зацврстува контролата. Ние се повеќе стануваме земја на сиромашни граѓани, и на пребогати политичари кои преку клиентелизмот ја купиле иднината на граѓаните кои ги ‘‘водат‘‘- дециден е Орхан Муртезани. Демократијата како што вели не значи само спроведување на  избори и гола трка за глас. Партиите според него мора да ја разберат важноста на граѓанскиот сектор во кој треба да гледаат партнер во креирање на политиките за заедничко градење на демократско општество. “Оттаму победата на власта преку избори, било тоа и на регуларни фер и демократски избори, не значи апсолутна власт за контролирање на се и сешто во државата. Незадоволството на граѓаните и на невладиниот сектор беше обид на нив да се гледа како на партнер за заедничко градење на демократско општество со еднаков простор за сите да придонесуваат и да имаат влијание во креирањето на политиките, донесувањето на одлуките и воопшто врз правецот во кој се движи државата. Невклучувањето на невладиниот сектор во преговорите значи дека и понатаму актуелната власт, па дури и наредната техничка влада ќе продолжат да бидат глуви кон нивните барања. Имам впечаток дека голем дел од вината за оваа го носи и СДСМ која од денешна перспектива можеме да заклучиме дека граѓанското незадоволство и барањата на невладиниот сектор ги користеше пред се за зајакнување на своите преговарачки позиции”- нагласува Муртезани. Центарот за Демократија и Развој вели е невладина организација која е  основана во 2007-мата  година од страна на млади интелектуалци, правници,  и економисти, од различна етничка и верска припадност кои ја делат неопходноста и волјата да се направи нешто во оваа област на општествената активност. Главна цел порачува,  во ваква специфична општествено-политичка состојба   е да им помагнат  на граѓаните во заштитата и унапредувањето на нивните права, како и  зајакнување на нивната свест за демократските вредности и принципи за развој на општеството. С.Б.
Слично

Поврзани вести