Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК: Четвртина Македонија гласала до 13 часот

ДИК: Четвртина Македонија гласала до 13 часот
До 13 часот вкупно 25,02% од запишаните во избирачкиот список го оствариле своето право на глас, во првиот круг од претседателските избори, објави Државната изборна комисија. До ДИК досега се пристигнати податоците од 3.343 од вкупните 3.512 гласачки места на кои се гласа денеска. По општини најголема е излезноста во Новаци (50,03%), Кратово (45,86%), Демир Хисар (41,41%), Вевчани (40,7%), Демир Капија (40,61%). Од поголемите градови, во Битола излезноста е 35,07%, Прилеп 41,63%, Охрид 31,85%, Велес 33,63%, Куманово 23,26%, Струмица 28,80%, Штип 37,69%. Од скопските општини, во Кисела Вода излезноста до 13 часот е 36,22%, Аеродром 33,46%, Чаир 7,56%, Гази Баба 27,21%, Центар 34,98%. Значително послаба е излезноста во општините со поголем процент албанско население. Најслабо е во Липково 3,76%, Арачиново 4,48%, Боговиње 4,56%. Во Гостивар излезноста е 10,51%, во Тетово 11,61%, а во Струга 11,02%. Деталниот преглед по сите општини можете да го погледнете на следниот ЛИНК
Слично

Поврзани вести