ДИК „бомбардирана” од пријави за изборни нерегуларности
Над 2 000 пријави за сомнителни податоци во Избирачкиот список пристигнале до ДИК, откако беше промовирана веб-апликацијата за проверка на гласачите.
Државната изборна комисија денеска попладне на јавна седница ќе ги разгледува примените известувања од граѓаните.
Тие досега пријавиле дека на списокот се наоѓаат лица кои не се државјани на Македонија, кои не поседуваат важечка лична карта или патна исправа, не се полнолетни, кои се на привремена работа или престој во странство, со последно живеалиште на дадената адреса, кои живеат на друга адреса на територијата на Република Македонија, а претходно имало живеалиште на дадената адреса, не живеат на територијата на Македонија, не живеат на оваа адреса инт.
Слично
