Дијаспората ќе гласа, но по нова формула
По долгите преговори за избирачкиот список, партиите најпосле се договорија околу гласот на дијаспората.
Според изборниот законик, ќе се избираат три пратеници од дијаспората , но моделот за гласање ќе се промени.
Мнозинскиот систем за избор на тројца пратеници од дијаспората се менува во пропорционален, со тројца кандидати во една изборна единица.
За еден пратеник да е избран потребни се минимум 6 400 гласови. Со тоа, има простор да не се изберат вкупно тројца пратеници од дијаспората, ако на изборите во април нема значително поголем одѕив во споредба со претходните избори.
На минатите избори на гласање во изборните единици седум, осум и девет излегле помалку од 11,5 илјади гласачи, а со предвидениот минимален праг на гласови, потребни се близу 13 илјади гласови за избор на втор пратеник.
Во Македонија пак ништо не е сменето. Ќе се гласа во шест изборни единици со по 20 пратеници.
Активна регистрација на гласачите нема да има, а теренската проверка ќе се прави само одредени места каде ќе се јави потреба.
Во ДИК место со апсолутно мнозинство ќе се гласа консензуално, кога ќе бидат во прашање етничките заедници.
Како новина во избирачкиот законик е тоа што покрај името и адресата на секој гласач ќе стои и негова фотографија.
