Дијаспората ќе инвестира 15 милиони долари во македонски фирми
Фондот СЕАФ Македонија 1 ќе тежи 15 милиони долари, објавија предмалку учесниците на инвестициската конференција во Охрид. Од оваа сума веќе се обезбедени 80 проценти, од бизнисмените во дијаспората. Најмала сума со која бизнисмените од дијаспората учествуваат во фондот СЕАФ 1 е 500 илјади долари.
Овој фонд ќе ги поддржува македонските компании, кои ќе понудат интересен инвестиционен проект, а со него ќе бидат опфатени 10 до 15 компании, односно инвестиции кои ќе бидат вредни поединечно меѓу 1 милион и 1,5 милиони долари.
Парите ќе можат да ги користат и постоечки компании, но ќе се поддржи и отворање на нови фирми и бизниси, зависно од проектот. Во исто време фондот ќе нуди обуки и консултации за македонските фирми, за нивно поквалитетно претставување на странските пазари.
Фондот ќе го води Хубертус Јан ван дер Варт, изршен директор на СЕАФ, кој потенцира дека на почетокот ќе се поддржат бизниси од областа на земјоделството, фармацијата, едукацијата и тренингот.
Слично
