Дијаспората го отвори гласањето за претседател
Заради временската зона, македонската дијаспора во Австралија прва го започна гласањето за нов претседател на Македонија. Освен во Австралија денеска се гласа и во дипломатско-конзуларните претставништва во Азија, Европа, Африка, Северна и Јужна Америка.
Дијаспората за првпат гласа на претседателски избори. Право на глас имаат македонските државјани кои живеат и работат во странство, а кои се регистрираа за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија.
Во дијаспората Македонија има три изборни единици, во кои вкупно за гласање на претседателските избори се пријавиле 8.332 гласачи. Најголем број од нив или 5.892 треба да излезат на гласање во Изборната единица 7 која ја опфаќа територијата на Европа и Африка, во Изборната единица 8 (Северна и Јужна Америка) ќе гласаат 1.426, а во Изборната единица 6 (Австралија и Азија) - 1.014 македонски државјани.
Слично
