Дијаспората бара Иванов среде Њујорк да ги прекине преговорите за името!
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Обединетите нации да објави крај на разговорите за разликите околу името со Грција, бара Обединетата македонска дијаспора. Споре организацијата на македонските иселеници, шефот на државата треба да го информира Генералното собрание и Советот за безбедност на светската организација „дека Македонија ќе се повлече од овие фарса преговори за името“.
„Македонија треба достави официјално барање до Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН да гласаат за промена на употребата на „поранешната југословенска Република Македонија" во Република Македонија“, предлага ОМД.
Организацијата нагласува дека Македонија е признаена од страна на повеќе од 135 земји низ целиот свет, а македонското раководство треба да ја рефокусира својата енергија на проширување и изградба на подлабоки врски со земјите што сакаат да се вклучат во продуктивни односи, кои ја зајакнуваат економијата и безбедноста.
„Сè додека Македонија не преземе ваков чекор, во прашање ќе се доведат и идентитетот и правото на национална држава на Македонија“, нагласува ОМД.
Слично
