Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дијамантите се претвораат во прав – канадски рудник затворен по производство од 150 милиони карати

Дијамантите се претвораат во прав – канадски рудник затворен по производство од 150 милиони карати

Рударскиот гигант Рио Тинто го затвори својот последен рудник за дијаманти, проектот Дијавик во северозападните територии на Канада, продолжувајќи го глобалниот тренд на затворање на рудници за дијаманти.

Ниските цени, делумно предизвикани од приливот на евтини скапоцени камења одгледувани во лабораторија, ги принудија рударските компании да го намалат производството или целосно да престанат.

Минатата година, друг канадски рудник, проектот Екати на Burgundy Diamond Mines, ги прекина операциите поради ниските цени на дијамантите.

Дури и De Beers, водечкиот светски производител и трговец со дијаманти во последните 100 години, се бори да преживее по повеќекратните отписи на средства, вклучително и отписот од 2,3 милијарди долари минатиот месец.

Теоретски, ова би можело да ѝ го олесни на лондонската компанија „Анголо Американ“ да го продаде својот удел од 85 oтсто во „Де Бирс“, евентуално на конзорциум од африкански земји производители на дијаманти, вклучувајќи ги Боцвана и Ангола.

Индикациите од „Алрос“, водечката руска компанија за дијаманти, дека падот на цените можеби завршува, би можеле да ја забрзаат одлуката за продажба на „Де Бирс“, пренесува Forbes Bosna.

foto Wikipedia/DGPC/ADF Luísa Oliveira

Слично

Поврзани вести