Дијаманти и злато во сефот на Тито
Предмети со брилијанти и дијаманти, над 2600 златници, девизи, 30 килограми злато, ова е само дел работите кои тежат во приватниот сеф на Јосип Броз Тито, пишува српскиот весник „Данас“.
Минатата недела со присуство на комисија по 30 години беше отворен личниот сеф на Тито, во 11-те вреки што од 1982 година биле депонирани во сеф во Народната банка на Југославија, а сега на Србија се криело вистинско богатсво, пишува весникот.
Сеуште е непознато од каде е потеклото на златото, едниствено дека било наменето за личните потреби на Тито и неговото семејство, доколку дојде до нескани состојби.
На банката и било предадено богатството што не можело да се продаде на аукција или да се смести во музеј, така што при пописот направен минатата недела во сефот имало над 29 килограми злато во прав или прачки, 2663 златници, 149 предмети од злато украсени со дијаманти и брилијанти, што биле во сопственост на семејството Караѓорѓевиќ, 1271 монета со нумизматичка вредност, 18 сребрени сервиси, 25 предмети од злато и дијаманти што биле запленети или набавени со државни средства, 26 илјади американски долари, 36 илјади германски марки, дански круни, одликувања од српската династија, медаљони и други лични предмети со помала вредност.
Според весникот „Данас“ на списокот во 1982 година биле евидентирани и златни одликувања, спомен – плакети, штафетни палки и слични предмети кои не биле најдени во сефот на Народната банка.
Пред два дена пак внуката на Тито Светлана Броз, изјави дека не се согласува со начинот на кој е спроведен прегледот на сефот, односно дека не беше дозволено присуство на семејството, поради што таа најави дека е подготвена да се жали до Меѓународниот суд за правдата во Стразбур, бидејки според неа Николиќ се поставува себе си над судската власт.
Слично
