Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дијалогот за покачувањето на минималната плата продолжува во петок

Дијалогот за покачувањето на минималната плата продолжува во петок

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вечерва изјави дека дијалогот за покачувањето на минималната плата продолжува во петок. 

Ги уверува граѓаните дека наскоро ќе има консензус за нивните плати. Вели дека целта е да креираат долгорочен систем. 

„Ќе зборуваме за креирање на систем, креирање на механизам кој ќе остане и во наредните години“, рече Битиќи. 

Тој не може прецизно да каже дали во петок или идната недела ќе има конечна одлука. 

Дарко Димовски од ССМ изјави дека работодавачите во 5 до 12 излегле со свој предлог, затоа што тие ги увериле дека мора да се покачи минималецот.  Тој вели дека работодавачите купиле време до петок. 

„Овој пат времето работи за работниците. Нека размислат добро, петок е задутре“, рече Димовски. 

Тој кажа дека ова е реална потреба, и не е никаков товар. Ако разговорите паднат во вода, ќе има генерален штрајк. 

Слично

Поврзани вести