Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИЈАЛОГОТ ВО ЌОРСОКАК: Курти ја обвинил Србија за три геноциди

ДИЈАЛОГОТ ВО ЌОРСОКАК:  Курти ја обвинил Србија за три геноциди

Дијалогот меѓу Косово и Србија бил „најлош досега“. 

„Албанците одбиваат било каков договор“, пишуваат српските медиуми, затоа што косовскиот премиер Албин Курти уште на самиот старт на дијалогот ја обвинил Србија за три геноциди, првиот во 1878, а последниот во 1999 година. Од друга страна Вучиќ пред Курти и европските официјални лица Мирослав Лајчак и Жозеп Борел излегол со список и фотографии од дури 80 напади на Срби на Косово годинава.

„Србија прифати се, а Албанците не сакаа. Ние стопроцентно прифативме што побара Европската унија, а другите не сакаа. Сега сме уште позагрижени за Србите на Косово“, рече Вучиќ. 

Курти побарал да се уапси Душан Михајловиќ, поранешниот министер за внатрешни работи на Србија (2001-2004), на што Вучиќ остро се спротивставил. Toj изјави дека во Брисел не рекол дека Србите се геноциден народ, туку дека такви биле режимите во Србија.

„Јас велам дека Србија како држава извршила геноцид, институционалното водство на државата Србија е одговорно за геноцид“, рече Курти. 

Кажа дека на Вучиќ му подарил три книги со злосторствата на Србија над Албанците. 

Слично

Поврзани вести