Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тодоров контра Дијабетичари: Продолжуваме да обезбедуваме најквалитетна инсулинска терапија

Тодоров контра Дијабетичари: Продолжуваме да  обезбедуваме најквалитетна инсулинска терапија

Здружението на дијабетичари„Баланс Мк“, му упатија прашање на министерот за здравство Никола Тодоров каде исчезна  донираниот инсулин, вреден 700.000 евра, за само еден месец и која е причината за нов дефицит?

Тие бараат одговори министерот – кога Министерството за здравство има намера да го оконча тендерот за набавка на инсулини и инсулински помагала?

Од  Министерството за здравство експресно брзо одговорија обвинувајќи ги дијабетичарите дека манипулираат и ги девалвираат нивните заложби за унапредување на грижата за лицата со дијабетес.

Во интегралното соопштение на Министерството за здравство пишува:

„Баланс МК продолжува во нивниот манипулантски стил да пласира невистини, и покрај тоа што сите нивни досегашни обиди за манипулирање на јавноста беа директно и со стручни аргументи демантирани од врвните универзитетски професори од областа на дијабетесот во Република Македонија, и тоа:  Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Република Македонија, педијатриските ендокринолози при Универзитетската клиника за детски болести, раководителот на Центарот за дијабетес во Скопје, како и Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот.

Ова е уште еден неуспешен обид да се девалвираат заложбите на Министерството за здравство за унапредување на грижата за лицата со дијабетес. Тендеот за набавка на инсулинска терапија е веќе завршен, договорите со добавувачите се потпишани и сите инсулински аптеки низ Републиката се снабдени со набавената инсулинска терапија. Апсолутно е неточно тврдењето дека во аптеките има недостиг на ленти за мерење гликемија. Овие ленти не само што не недостигаат, туку веќе ги има и во поголем број за разлика од порано, бидејќи неделава почна дистрибуцијата на зголемен број на бесплатни ленти за мерење на гликемија кај пациенти со дијабетес тип 2 на инсулинска терапија. Бројот на ленти за мерење гликемија е за 7 пати зголемен за разлика од порано, така што наместо досегашните 4 ленти месечно, пациентите отсега добиваат по 30 ленти месечно. Исто така, инсулинските игли кои се применуваат се согласно светските стандарди и се соодветни за супкутана апликација. Трагично е што некој продолжува да се поигрува со судбината на оваа исклучително ранлива група на пациенти, поради само нему познати интереси. Сепак, Министерството за здравство и понатаму спроведува најквалитетна грижа за оваа група на пациенти, и продолжува да обезбедува најквалитетна инсулинска терапија, споредено не само со земјите од регионот, туку и со голем број на високоразвиени земји од Европа и светот“, стои во реакцијата на министерството.
Слично

Поврзани вести