Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дигнаа раце од истражувања: Црногорците нафтата под море им ја подарија на Хрватите?!

Дигнаа раце од истражувања: Црногорците нафтата под море им ја подарија на Хрватите?!

Црногорците дигнале раце од истражувањето на нафта и гас под спорниот полуостров Превлака, за разлика од соседите Хрвати кои распишале тендер во потрага по неистражените количини на „црно злато“!

Владата на Црна Гора во четвртокот ја променила одлуката за одредување на блокови за истражување на нафта и гас во тоа подморје на тој начин што од мапата го изоставила делот од територијата на Превлака. Причината е, како што информираат прилагодување на меѓународниот протокол за привремен режим со границата на Хрватска од 2002 година.

-Оваа одлука од блоковите кои се одбележани за истражување и производство на  јаглеводороди одземен е дел од површината во територијалното море, кој е опфатен со наведениот протокол, а кој се наоѓа во подрачјето на привремена надлежност.

Имајќи предвид дека хрватската страна во почетокот на април оваа година во својата официјална мапа ги прикажала и блоковите за истражување и експлоатациони договори во подрачјето кое го сметаме за спорно (површина од околу 1800 квадратни километри) и кое го одбележала како свој епиконтинентален појас, и дека двете држави не разговарале иако ние тоа го баравме, со донесувањето на оваа одлука Црна Гора ги штити своите интереси во морското подрачје.

Приказната за тоа дека на целото подморје лежат неистражени количини на „црно злато“, црногорско или хрватско, и кој е сопственик, се нацрта некако на линијата на морското разграничување на двете земји, кое е под спор. -Проблемот со границата уште не е решен, па поради тоа и не тргнавме во таа работа - изјавил Владан Дубљевиќ од Министерството за економија. -Црна Гора не сака да ги потенцира понатамошните проблеми околу ова чуствително прашање , за да не понуди нешто што би можело да биде предмет на меѓудржавен спор.

Проценивме дека во овој момент паметно е да не се изложуваме на ризик, туку да се свртиме кон распишаниот тендер за истражување и производство на нафта и гас на подрачјето јужно од Улцињ кон отвореното море.

Првите сериозни истражувања на подрачјето на Превлака ги почнале Американците во далечната 1970 година, преку компанијата „Шеврон“ која цела деценија го испитувала тој дел на јадранското подморје. Потоа во таа работа се вклучиле и Англичаните и нивната компанија „Стар петролиум“ и оцениле дека на тој простор има „црно злато“ и дека се исплаќа да се влезе во таа работа. За жал дошло до војна и распаѓање на СФРЈ, така да за ова истражување повторно почнало да се зборува дури во последно време.

Познато е дека Хрватите ја оспоруваат границата на Превлака, која е востановена во времето на СФРЈ, па се отвара прашањето дали пратениците на црногорското собрание можат да изгласаат државата да ја контролира таа работа. -Лежиштата на нафта не ги следат административните или државните граници. Поради тоа доколку се утврди постоење на заеднички лежишта, треба да се направи договор на обострано задоволство и корист, истакнуваат црногорските парламентарци. И Загреб и Подгорица долго време веќе разменуваат пораки за тоа дали помеѓу двете држави нема отворени прашања.

Меѓутоа, приказната од терен е поразлична. Некои аналитичари во Црна Гора сметаат дека проблемот околу Превалка треба да се препушти на меѓународната арбитража. Има и такви кои веруваат дека Црна Гора со влегувањето во НАТО (каде е и Хрватска) тоа прашање би го решила полесно, додека добар дел од опозицијата смета дека полуостровот веќе е предаден на соседите и тоа тајно од страна на актуелниот режим.

Незаконски договор

Потпретседателот на ПзП Кочо Павловиќ смета дека очиглдно постои некој таен незаконски договор кој Мило Џукановиќ го направил со хрватските челници на штета на државата Црна Гора.

-Денеска сум уверен дека тука станува збор за корупција на највисоко ниво која ги има сите елементи на велепредавство. Освен енормните материјални штети кои и се нанесуваат на Црна Гора, а која се мери со милијарди евра, со ваквите постапки на Владата непоправливо се нарушува територијалниот интегритет на нашата држава во реонот на Превлака - вели Павловиќ.

Црта

Покрај границите на копно, треба да се повлече и на морето, и токму оваа работа најмногу влијае на интресите на Црна Гора. Многу е важно во чии води ќе се движат бродови, и тоа воени, патнички и теренски, кој тоа ќе го дозволи а кој ќе наплаќа такси. Тој терен, од друга страна е означен и како богато наоѓалиште на нафта и природен гас.

И.Р

Слично

Поврзани вести