Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дигитални номади во Сплит: Колку навистина чини живеењето покрај Јадранското Море?

Дигитални номади во Сплит: Колку навистина чини живеењето покрај Јадранското Море?

Иако Сплит во последниве години сè повеќе привлекува дигитални номади од целиот свет, цените за изнајмување во јадранскиот град продолжуваат да ги изненадуваат и странците и локалното население. Двојка од Соединетите Американски Држави(САД), познат на социјалните мрежи, го сподели своето искуство и откри колку платиле за станот во кој моментално живеат.

Тикотокерка, која има профил наречен „caracelestewest“, и нејзиниот сопруг решиле привремено да се преселат во Сплит и избрале стан изнајмен преку платформата Airbnb како нов дом. За еден месец престој, тие трошат 1.450 долари (околу 1.330 евра).

Сместувањето им нуди целосно опремена кујна, пространа дневна соба, две спални соби и бања, но она што најмногу ги освои е приватната градина со поглед. Станот се наоѓа во мирен дел од градот, на околу 20 минути пешачење од продавници и ресторани, додека до центарот на Сплит се стигнува за околу 15 минути со автомобил.

Тиктокерката во видеото нагласи дека барале мирно место кое ќе им даде чувство на дом за време на престојот во Хрватска. Таа додаде дека се среќни што пронашле простор што одговара на нивните потреби, иако се свесни дека цената е повисока бидејќи станува збор за изнајмување преку популарна платформа, што вклучува провизија, како и даноци и други такси што домаќините треба да ги покријат.

За повеќето жители на Сплит, оваа сума за изнајмување е речиси недостижна. На пазарот за долгорочно изнајмување, особено по туристичката сезона, цените ретко паѓаат под 700 евра, а често се искачуваат на 800 или дури 850 евра месечно.

Сепак, за дигиталните номади кои доаѓаат тука привремено, Сплит останува привлечна дестинација и покрај високите цени.

foto Wikipedia/Tatyana Peshkova

Слично

Поврзани вести