Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дигитална новинска компанија го купува Financial Times?

Дигитална новинска компанија го купува Financial Times?

Британскиот издавач Pearson одлучи да го продаде лондонскиот финансиски весник Financial Times (FT) на една глобална, дигитална новинска компанија, дознава Reuters,

Од Pearson, кој речиси 60 години го поседува FT, објави дека се договорил да ја продаде „ФТ Груп“ на јапонската медиумска група „Никеи“ за 1,3 милијарди долари.

Во „ФТ Груп“ е „Фајненшл тајмс“, 50 проценти од „Економист груп“, издавач на списанието „Економист“, како и дел од рускиот бизнис весник „Ведомости“.

Зделката треба да заврши до крајот на годината по одобренијата на регулаторите.

0000199256-article3

Светскиот лидер во сегментот на издаваштво за потребите на образовниот систем смета дека е момент во целост да се фокусира на образовната стратегија и повеќе да не биде во медиумскиот сектор, изјавил  за Reuters неименуван извор.

Во претходно медиумски написи беше истакното дека цената на FT би можела да достигне околу милијарда фунти.

„Никеи“ е најголема независна бизнис медиумска групација во Азија, чија основна дејност е издавање весници, од кои најпознат е истоимениот „Никеи“, кој има околу три милиони претплатници.

Обработка: К.К

Извор: Reuters

Слично

Поврзани вести