Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дигитализацијата во фокус: Развојна Банка презеде крупен чекор напред

Дигитализацијата во фокус: Развојна Банка презеде крупен чекор напред

Развојна банка на Северна Македонија АД денеска ја претстави новата веб-платформа за кредитно осигурување „Е-ОСИГУРУВАЊЕ“ наменета за сите домашни компании за осигурување на извозните и домашните побарувања.

Ова софтверско решение ќе ја олесни и забрза комуникацијата и ќе им помогне на компаниите поедноставно да ги користат инструментите кои ги нуди Банката за олеснување на трансакциите, особено во делот на обезбедување на побарувањата, осигурување на извозот и факторингот. Во партнерство со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (IME) и компанијата ASEEMacedonia (AssecoSEE), Банката направи значаен чекор кон дигитализација на финансиските услуги.

На овој начин се одговора на потребите на домашните компании за раст и развој, односно се олеснува пристапот на компаниите до посоодветни инструменти и решенија за управување со финансиите и намалување на ризикот, што пак позитивно ќе влијае бизнисите да настапат на нови пазари и да останат отпорни на глобалните предизвици.

Искуството покажува дека овој продукт е препознаен од македонските компании затоа што помага за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат и има позитивни ефекти во нивното работење. Во изминатите години Банката подржа над 800 клиенти со над 6.000 купувачи во вкупен износ на осигурено побарување од 1,4 милијарди евра.

Оваа иницијатива е повеќе од технолошка надградба на Развојна Банка - таа е јасен чекор напред во зајакнувањето на конкурентноста на македонските компании. Со поддршката од Швајцарската програма ИМЕ, Развојната Банка останува посветена на воведување на нови алатки следејќи ги меѓународните трендови во поддршка на компаниите преку иновирање и применување дигитални решенија во клучните сектори на економијата.

Платформата, развиена од ASEE (Asseco SEE), ја интегрира глобалната експертиза со локалните потреби. Со дигитализирање на процесите за осигурување на извозот, Банката им обезбедува на компаниите да ги поедностават административните процедури, да го подобрат управувањето со осигурувањето на извозот и да ја подобрат безбедноста и контролата. Платформата ќе овозможи драстично намалување на оптекоти мануелно внесување на податоци од документи во хартиена форма (hardcopy), а со тоа ќе се намали можноста за било какви грешки и конечно систематски формализирање и олеснување на комуникацијата со Банката. Бизнисите имаат побрз, побезбеден и поефикасен пристап до извозните пазари и услови за користење на други финансиски инструменти. Ова не се апстрактни придобивки - тие се практични алатки што им помагаат на бизнисите да растат, да влезат на нови пазари и да останат отпорни во време на предизвици.

Ова дигитално решение ги подготвува компаниите да се натпреваруваат поефикасно, да иновираат и да напредуваат и на домашните и на меѓународните пазари.

Швајцарската програма ИМЕ започна успешна соработка со Развојна Банка во 2021 година преку една анализа на потребите на компаниите за дигитализација на основ на која, Банката дизајнираше и лансираше револвинг кредитна линија од 2 милиони евра за поддршка на дигитализацијата и дигиталната трансформација на малите и средни претпријатија и компаниите со средна капитализација.

Швајцарската Амбасада ја поттврдува својата заложба за поддршка на иницијативи што овозможуваат побрз развој на бизнисите, ги  поттикнуваат иновациите и придонесуваат за одржлив економски развој во државата. Оваа иницијатива е силен пример за тоа како соработката може да донесе системски промени со конкретни резултати за компаниите и пошироката економија.


Слично

Поврзани вести