Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Die Presse": На Германија и недостигаат квалификувани работници

„Die Presse": На Германија и недостигаат квалификувани работници

Фирмите имаат работни места, но не и кандидати за нив. 

Германската економија има недостиг на квалификувани кадри. Според податоци на онлајн изданието finanzen.net, 49% од фирмите не можат да ги пополнат празните работни места.

Германските автопроизводители Audi и Daimler исто така се жалат на недостиг на кадри во земјата на Виктор Орбан, Унгарија. 

Но, уште подраматична е ситуацијата во некои земји од Централна и Источна Европа. Таму со години има одлив на мозоци во западна насока. Во Унгарија на пример недостигот на специјалисти достигна нов рекорд - 57%. Од унгарските компании велат дека не успеваат да пополнат многу од празите работни места. Тоа е за 10% повеќе отколку пред една година, покажува неодамнешното истражување на посредничката компанија ManpowerGroup, наведува „Deutsche Welle". 

Лошото образование, јазот меѓу најбараните и оние кадри кои се нудат на пазарот на труд, одливот на мозоци, се главните причини за продлабочување на проблемот со недостигот  на квалификувани кадри.

Слично

Поврзани вести