Џорџ Озборн:Британија ќе мора дополнително да го затегне ременот
Министерот за финансии Џорџ Озборн изјави дека Велика Британија ќе мора да направи нови кратења на трошоците бидејќи економијата оваа година се покажала послаба од очекуваното. Владејачката конзервативна партија предупреди дека Британија се подготвува за понатамошно штедење и укажа дека пред премиерот Дејвид Камерон стои тешка задача за јакнење на слабата економија но и за привлекување на сиромашните гласачи пред изборите во 2015-та година.
Аналитичарите веруваат дека Камерон, чија партија заостанува во анкетите зад се посилната лабуристичка опозиција, тешко ќе успеат да освојат мнозинство во 2015-та ако планот за штедење не успее и економијата не се обнови.
Владејачката коалиција предводена од Конзервативната партија оваа година забележа враќање на рецесијата, што значи дека кратењата мора да продолжат, па дури и да зе зголемат за да се елиминира рекордниот буџетски дефицит.
„Економијата се опоравува. Но, тоа е долг и тежок пат по кој ние треба да одиме. Ќе бидат потребни и понатамошни кратења на трошоците", изјави Озборн во интервју за британските медиуми.
„Западните земји имаат едноставен избор, или ќе потонат или ќе испливаат. Многу наши соседи, ќе ги избегнат тешките одлуки, но тие за 20 до 30 години ќе бидат многу посиромашни", истакна Озборн.
Слично
