Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џонсон Контролс отвора нова фабрика во Македонија

Џонсон Контролс отвора нова фабрика во Македонија

Американската автомобилска компанија „Џонсон Контролс” најави дека ќе ги проширува своите капацитети во Македонија. Компанијата ќе гради нова фабрика во Струмица, вредна 20 милиони долари.

Во новиот погон, кој треба да биде готов до март годинава,  ќе бидат вработени 1 500 лица.

Фабриката во Струмица ќе биде идентична со таа во Штип. Ќе се произведуваат делови за бреднови од автомобилскиот сектор наменети за европскиот пазар.

Ова е трета инвестиција на Џонсон Контрол во Македонија, покрај фабриките во Скопје и Штип.

Слично

Поврзани вести