ЏОН КЕРИ И СЕ ЗАКАНИ НА ТУРЦИЈА: Или се држете до демократијата, или нема влез во НАТО!
Државниот секретар на САД Џон Кери ја предупреди денеска власта во Анкара да се придржува до начелата на демократијата бидејќи во спротивно би можело да биде загрозено членството на Турција во НАТО.
Предупредувањето доаѓа недолго после акцијата на апсењето во кое турските власти привеле 103 генерали и адмирали после неуспешниот пуч против претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат денеска државните медиуми во таа земја.
Во апсењата ширум земјата се притворени највисоките воени функционери а изгледа се работи за голема чистка во редовите на вооружените сили, пренесува АФП, повикувајќи се на турските медиуми.
Исто така, властите во Турција отпуштиле повеќе од 8000 полицајци ширум земјата.
Од друга страна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја продолжил наредбата на борбените авиони да го патролираат воздушниот простор над Истанбул и Анкара за целиот денешен ден, а на воените хеликоптери им е забрането да полетуваат во Истанбул, ја пренесе Ројтерс изјавата на извор од кабинетот на Ердоган.
„Воената авијација доби наредба да го собори секој воен хеликоптер над Истанбул“, рекол тој извор.
