Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џо Бајден: „Северен поток 2“ е лоша зделка за Европа

Џо Бајден: „Северен поток 2“ е лоша зделка за Европа

Гасоводот „Северен поток 2“ е „лоша зделка“ за Европа, изјави денеска за време на посетата на Шведска потпретседателот на САД Џо Бајден.

„Ниту една земја не треба да ја користи енергијата како оружје“, рече тој на прес-конференција во Стокхолм.

Тој додаде дека „Европа мора да го прошири својот енергетски пазар“и ги повика Европејците „да го истражуваат ова прашање“, бидејќи „проектот Северен поток 2 може да ја дестабилизира Украина“.

Гасоводот беше договорен минатата година меѓу „Газпром“ и неговите европски партнери и ќе преминува преку Балтичкото Море од Русија до Германија.

Голем број земји од Источна Европа, сепак, како и САД, велат дека гасоводот ќе ги ограничи рутите за снабдување, а со тоа и енергетската безбедност на ЕУ, која добива една третина од гасот од Русија, забележуваат агенциите.

На прес-конференцијата денес Бајден потсети исто така, дека Европејците сега имаат можност да купуваат и течен природен гас од САД.

Слично

Поврзани вести