Џо Бајден од Давос: Спасете ја средната класа
Просперитетната средна класа е главната причина за политичката и економска стабилност. Jа набљудувам промената во корпоративната култура. Во последните 4 дестилетија гледаме како платите не одат во чекор со продуктивноста на трудот“, изјави потпретседателот на САД Џо Бајден за време на економскиот форум во Давос, соопштија американските медиуми.
На конференцијата, која ги собира највлијателните и богати луѓе во светот, се дискутира доаѓањето на „Четвртата индустриска револуција“, разгледана како дигитална и техничка трансформација на светот и работната сила.
Слични револуции постојано ги раселуваат работниците, изјави потпретседателот.
„Тука сум за да констатирам решително: Наша одговорност е, како и на оние пред нас, да ги адаптираме овие промени во корист на општеството. Да се увериме дека најпрофитабилните од дигиталната револуција се побројни од губитниците“, категоричен беше Бајден.
Според него треба да се инвестира во вработените и образованието, за да се задржи конкурентноста на средната класа во однос на технолошката револуција, која уништува професии и цели индустрии.
Бајден ги повика највлијателните политички и корпоративни лидери во светот да се вклучат со обезбедување на пристап на едукација, обуки на работното место и заштита на работниците. Тој рече дека корпорациите треба да избегнуваат донесување на краткорочни решенија, со цел да стекнат сигнализиција на акционерите, а наместо тоа - да планираат долгорочна економска одржливост.
„Мојот повик кон акција е : Преземете обврска кон работниците така како што го правите тоа кон вашите акционери“, повика Бајден.
„Кога луѓето чувствуваат дека нивниот напор да имаат достоинствен и пристоен живот е одбиен и елиминиран, неизбежна реакција е загриженост, незадоволство и гнев“, објасни тој.
Владите треба да инвестираат повеќе во патишта, мостови, транспорт и друга инфраструктура и да создадат прогресивни даноци на доход, изјави Бајден.
„Никогаш досега не сме имале толку власт, за да направиме позитивни промени. Нема да биде лесно, но не е невозможно, а сите се бориме да го реализираме“, истакна потпретседателот.
Заменикот на Барак Обама изрази поддршка за бранителите на човековите права, велејќи дека бизнис лидерите имаат поголемо влијание врз социјалните проблеми во светот, отколку Владата на САД.
