Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот Волонтерски Ден на падините на Водно

ДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот Волонтерски Ден на падините на Водно

„ Да се живее одговорно, значи да се има активна улога во општеството и затоа вработените ширум нашата Групација беа навистина активни изминатиов период. Секој ден е Глобален Волонтерски ден за групацијата DP DHL!"

Вработените од ДХЛ Експрес Македонија учествуваа во одржувањето на чиста животна средина (Go Green) и го одбележаа Глобалниот Волонтерски ден на падините на Водно.

Четириесе и пет вработени од ДХЛ Експрес Македонија помогнаа во расчистување на отпадот од падините на планината Водно.

„Секој беше возбуден исреќен, затоа што можеше да даде мал придонес за нашата заедница и воопшто за нашето живеење. Сето ова е со цел да се помогне и делува во локалната заедница и воедно да се подигне пасијата за волонтеризам меѓу вработените." - велат од ДХЛ Експрес Македонија.

Слично

Поврзани вести