Џим Роџерс:Ќе има уште инфлација, уште печатење на пари, уште долгови и трошење
Сега, кога претседателот Барак Обама е реизбран, инвеститорите мора да се подготват за инфлација и за нова експанзија на монетарната политика, коментира Џим Роџерс во интервју за американската телевизија„CNBC“.
На само неколку минути пред да биде потврдена победата на Обама против кандидатот на републиканците Мит Ромни , Роџерс остро ги критикуваше и двајцата кандидати опишувајќи ги како "зло".
Коосновачот на „Quantum Fund“ прогнозира дека политиката на Обама ќе ги зголеми цените на суровините и ќе доведе до поевтинување на доларот.
„Ако Обама победи, ќе има уште инфлација, уште печатењето на пари, уште долгови и уште трошење", предупредува Роџерс, додавајќи дека тој ќе продава американски ДЦК и ќе купува метали како златото. „Златото е добро за вас, за мене и за сите други", изјави Роџерс.
Роџерс истакнува дека тој не гласал ниту за Ромни, ниту за Обама со објаснувајќи дека што се однесува до него, тие и двајцата се "зло".
Слично
