Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏИХАДИСТИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ПОМОШ ОД ТУРЦИЈА: Сириската армија ги пресече сите патишта на снабдување!

ЏИХАДИСТИТЕ ОСТАНАА БЕЗ ПОМОШ ОД ТУРЦИЈА: Сириската армија ги пресече сите патишта на снабдување!

Сириските воени сили постигнаа импресивни победи во покраината Алепо, заземајќи ги селата под контрола, убивајќи терористи, и уништувајќи ги нивните рути за набавка во близина на турската граница.

Сириската арпаска војска (САВ) ги уништила правците кои се користени за пружање на логистичка поддршка и криумчарење на оружја од градовите Харитан и Анадан, пренесе франс прес.

Во последните неколку дена САВ е ангажиран во жестоки борби со милитантите во пограничното подрачје. Тие го ослободиле село Дудјан и неговата околина. Освен тоа, владините сили уништиле милитантни набавни правци во селата Тал Јебин, Тал Месејбен, Свехнен, Марет Артик и Шимајеа на северот од Алепо.

Во САВ тврдат дека убиле десетици терористи, иако не е потврден точниот број. Овие сили исто така уништиле возила опремени со митралези.

Политичари, воени лидери и експерти одамна нагласуваат дека Анкара не прави доволно да ја затвори својата граница со Сирија, која милитантните групи ја користат за да добијат  залихи, оружје и ги префрлуваат во воената зона,

Затворање на границата се гледа како голем чекор кој е потребен да се ослабнат милитантите во Сирија.

САВ исто така остварил победи во источен Алепо заземајќи го стратешкото село Шарба каде се убиени бројни џихадисти и нивната опрема е уништена. Војската предводена од Дамаск отстранила голем број импровизирани експлозивни направи и мини од тоа подрачје.

Владините сили постигнале и победа над милитантите во селото Ал Америјех во јужен Алепо. Исто така се ослободени неколку фарми на западот од главниот град на покраината.

Слично

Поврзани вести