Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џихадистите објавија снимка за смртта на Салопек

Џихадистите објавија снимка за смртта на Салопек
Исламската држава објави тонски запис со потврда за смртта на Хрватот Томислав Салопек. ,,Во покраината Синај војните на калифатот го убија хрватскиот затвореник чија земја учествува во војната против исламска држава, се вели во аудио снимката. „Ултиматумот истече, а египетската, како и неговата влада го напуштија“, велат од ИД. Тие на нивниот твитер профил објавија и порака во која ги објавуваат имињата на џихадистите, кои наводно го убиле Салопек. ,,Долх Клавх и Ах Саин го убија хрватскиот заложник откако истече временскиот рок“, - ова го пишувало во пораката, јавува експрес.ко.ук. Но, и покрај ова сепак не може со целост да се утврди дали Исламската Држава навистина го погуби Салопек. Хрватската претседателка Колинда  Грабар-Китаровиќ, рече тие ќе продолжат да го бараат сѐдодека постои малку надеж.
Слично

Поврзани вести