Џихадисти нападнаа касарна во Тунис
Во Тунис се убиени 21 џихадист, откако нападнаа касарна.
Туниските безбедносни сили се судрија со милитантите, кои нападнаа касарна во близина на границата со Либија.
Туниското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 21 милитант се убиени во денешните судири во градот Бен Гуердон, 6 се заробени, а во престрелката загинале 4 цивили. Судирите се случуваат во време на растечка закана од Исламската држава во Либија.
Туниската влада е особено загрижена, откако десетици туристи беа убиени во исламистички напади лани. Минатата недела, туниските сили убија петмина тешко вооружени милитанти, по неколкучасовна престрелка, откако поголема група милитанти влегла во земјата од Либија.
Слично
