ЏЕЛАЛ НЕЗИРИ: Македонија се движи кон амбисот, итно е потребна технички влада!
Вчерашното излагање на премиерот стави до знаење дека тој нема намера ниту да се повлече, ниту пак да прогласи предвремени избори. Оттука мислам дека целата ситуација се движи кон опасен правец, чија разврска може да и нанесе голема штета на државата и граѓаните, вели Џелал Незири, политички аналитичар и новинар.
Појавување на лидерот на опозицијата со неговите бомби, докажа две работи од кои верувам е шокирана целата јавност: првата е перверзната врска на новинарите и медиумите со функсионери на владината ВМРО-ДПМНЕ, и втората е прислушкувањето на речиси сите активни новинари во Македонија.
Ваквата строга контрола врз медиумите не верувам дека имало ни во времето на комунизмот. Јас знам дека тогашните медиуми и новинари се бореле за повеќе слобода во рамките на едноумието, додека денеска во врме на една демократска Македонија со статус на земја кандидат за членство во ЕУ, слушнавме и се уверуваме како улогата на новинар и медиум е сведена на ниво на обичен слуга на политиката.
ПРИСЛУШУВАЊЕТО ЌЕ ГО НАРУШИ КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА НОВИНАРОТ
Kако граѓани треба да сме загрижени, и тоа многу, од фактот дека нелегално се прислушкувани над 20 илјади луѓе од функционери и текника која е платена со нивни пари. Како новинари и медиуми, пак, треба да бидеме свесни дека после овие снимки и докази нашиот кредибилитет во јавноста ќе биде под голем знак на прашалник. Нашите соговорници нема да знаат дали не пратил уредникот на медиумот или пак министерот, директорот на ДБК или пак некој друг владино-партиски функционер.
ПОСКОРО ТРЕБА ДА СЕ ФОРМИРА ТЕХНИЧКА ВЛАДА
На Македонија и е потребно итно нова техничка влада, која ќе биде составена од кредибилни независни експерти, кои би имале капацитет за институционално решавање на оваа криза на државата. На нас новинарите ни останува да го исчистиме нашиот сопствен двор, ако претендираме да бидеме кредибилни пред домашната, но и странската јавност. Треба да повлечеме јасна линија помеѓу вистинските новинари и церберите на валканите работи на политиката.
Вчерашното излагање на премиерот стави до знаење дека тој нема намера ниту да се повлече, ниту пак да прогласи предвремени избори. Оттука мислам дека целата ситуација се движи кон опасен правец, чија разврска може да и нанесе голема штета на државата и граѓаните.
Премиерот сеуште се обидува да се вади со тезата дека странски службиу со сли намери му ги дале тие досиеја на лидерот на опозицијата. Но, за повеќето од граѓаните е тотално ирелеватно, базначајно како ги добил тие документи. Тоа што е битно во моментов е вистината како се управувало со ова држава, која по Устав им припаѓа на сите граѓани кои живеат во неа и кои плаќаат даноци и придонеси за нејзино функсионирање.
Од тоа што досега слушнавме како биле монтирани случаи, поставени судии, контролирани медиуми...мислам дека сме убедени дека не се работи за функсионирање на институциите на државата, туку сите зависиме од волјата на партиите кои се на власт и нивните експоненти. Ова е страшно за една земја и општество која е пред членство во НАТО и ЕУ.
Слично
