ЏЕЉАЉ НЕЗИРИ: Кога ќе се реши спорот со името ќе се стави крај на кризата, а договорот е добра основа за реализација на реформите!
Новинарот и аналитичар Џелал Незири за Фактор оценува дека договореното треба да се спроведен а не само да биде декларативна заложба . Тоа би значело да дека ноиот јавен обвиниотел ќе мора да ги процесуира сите случаи каде има индиции за корупција. Второ , во периодот што следи треба да се подготвени целосно теренот за спроведување на фер, демократски и слободни избори. Трето, треба да се напорават максимални напори да се работи на реализација на забалешките кои Брисел ги нотираше како проблеми кои се пречка на евроатланскиот пат вклучувајќи ја и неопходноста од затворање на рпроблемот со Грција околу спорот со името.
Договорот е очекуван со оглед на распределбата на силите на политичкиот терен. Можеби не се совпаѓа со очекувањата на многумина, кои беа погрешно информирани за текот и природата на кризата, но мислам дека е добра подлога за вистински реформи и за враќање на земјата на вистинскиот колосек. Тоа што е важно за нас како граѓани е обезбедување на демократски терен за организирање и оддржување на слободни и коректни избори, каде гласачите без уцени и заплашувања од владеачките партии ќе ја изразат нивната волја. Вториот аспект кој е дел од договорот, кој е исто така важен, е именување на нов јавен обвинител кој ќе ги процесуира сите коруптивни афери од т.н. бомби на опозицијата.
Секој кој се огрешил на законот ќе мора да одговара ако сакаме правната држава да функционира за сите подеднакво. И третиот аспект е интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, кои се важни заради имплементирање на демократските стандарди.
Сериозниот ангажман на Брисел и Вашингтон во овој процес на изнаоѓање на излез од кризата ќе треба да заврши со решавање на клучниот проблем, кој е генератор на кризата - проблемот на името со Грција. Ако се гледа наназад, Македонија почна да влезе во криза од 2008 година, кога не успеа да добие покана за членство во НАТО заради грчкото вето. Потоа следуваа неколку блокади и во однос на добивање датум за почнување на преговорите за членство во ЕУ, моменти кои делуваа депримирачки кај голем дел од граѓаните и нивните политички елити.
Г.Ч.
