Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џелал Бајрами стана јавен обвинител

Џелал Бајрами стана јавен обвинител
Џелал Бајрами, поранешниот министер за труд и социјална политика и заменик-министер за внатрешни работи, член на ДУИ, стана јавен обвинител во републичкото обвинителство, без ниту еден ден стаж во оваа област, јави Алсат М. Toj стана заменик на јавниот обвнител Марко Зврлевски, заедно со Анита Топалова-Исајловска, сопруга на новоименуваниот заменик-министер за надворешни работи Илија Исајловски. Ова решение денеска го донесе Советот на јавни обвинители. „Џелал Бајрами е избран за да се испочитува принципот за соодветна и правична застапеност. За изборот на Исајловска, нема ништо спорно. По заслуга напредуваше. Постојано ќе има незадоволни од одлуките и тоа е нормално“-  изјави Петар Аневски, претседател на Совет на јавни обвинители. Поранешниот уставен судија Зоран Сулејманов, по четири години поминати во Советот на јавни обвинители, денеска повторно беше реизбран за член на ова тело.
Слично

Поврзани вести