Џафери се пишмани, законот нема да важи за објавените „бомби”
Пратеникот на ДУИ Талат Џафери се премислува околу Законот за забрана за објавување на прислушуваните материјали.
Откако го повлече предлог-законот Џафери вели дека бил погрешно сфатен, и законот немало да важи за веќе објавените „бомби", туку само за необјавените материјали.
Тој претходно тврдеше дека сите медиуми ќе треба да ги избришат своите објави поврзани со прислушуваните разговори, а ако некогаш повторно ги објават или искористат на било кој начин, кривично ќе одговараат.
„Јас не знам кој како сфатил, како може да се нареди да се повлекуваат нема да се мешаме во медиумската етика“ - вели Џафери.
Џафери најави дека доколку до 20 октомври партиите немаат договор за законот, тој одново ќе го поднесе во Собранието.
За сега е неизвесно во каква форма ќе се доработи законот, особено околу висината на затворските казни и дали за него ќе има консензус.
