Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џафери го дели истиот став за снимките на опозицијата со Премиерот

Џафери го дели истиот став за снимките на опозицијата со Премиерот

Охридскиот договор е единствениот пат кој помага за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, смета вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор, Муса Џафери.

Тој на денешната прес конференција информираше за деталите на кои партијата ќе се задржи на тематскиот конгрес кој е закажан за 28 и 29 март во Скопје.

Џафери  посочил дека една од панел-сесиите на конгресот ќе биде добро владеење и консензуална демократија, односно колку помагаат во стабилизирањето и демократизацијата на Охридскиот договор.

„Акцентот се става на праведно и рамноправно распределување на јавните финансии-буџетот. Поделбата на власта врз основа на принципот на соодветна и правична застапеност на сите нивоа на државата, децентрализација соодветна на околностите на Македонија, што значи еднаков територијален развој и втората деценија на спроведувањето на Охридскиот договор“, изјавил Џафери, пренесе РадиоСлободнаЕвропа.

На прес конференцијата вицепремиерот во врска со аферата со прислушувањето и снимките кои опозицијата ги обелодени и посочил сличен став како и премиерот дека  институциите треба да го проверат авторството на прислушуваните материјали и дека за него „не е важен разговорот или автентичноста на разговорот, колку што е значајно од каде се тие разговори и кој ги извадил тие, и злоупотребил.

Слично

Поврзани вести