ДГ Бетон Скопје: не сме учествувале како изведувач на обиколницата
Со реакција и демант на делови од текстот „Проф. Марковски: Градителството не трпи импровизации, авантуризам, јавашлук и притисоци!“ се јави градежната компанија Бетон. Ви ја пренесуваме во целост.
„Во вашата статија http://faktor.mk/2016/08/10/prof-markovski-graditelstvoto-ne-trpi-improvizatsii-avanturizam-javashluk-i-pritisotsi/ наведувате одредени невистини, кои што директно му штетат на ДГ Бетон АД Скопје од повеќе аспекти.Имено во истата статија наведувате дека ДГ Бетон АД Скопје бил подизведувач на обиколницата која што беше погодена и тешко оштетена од невремето што се случи во Скопје.
Тоа е апсолутна невистина и ДГ Бетон АД Скопје на предметната обиколница никогаш не зел никакво учество ниту како проектант, ниту како изведувач, ниту како надзор.
Предметната обиколница која што беше погодена и тешко оштетена од невремето, ја има изведувано друг изведувач, а не ДГ Бетон АД Скопје“ се вели во реакцијата.
Извинување од Фактор
Фактор.мк се извинува на ДГ Бетон АД Скопје за ненамерниот пропуст.
Слично
