Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дежурна аптека на повик! Ќе работи ноќе, за викенди и државни празници

Дежурна аптека на повик! Ќе работи ноќе, за викенди и државни празници
Од 1 јануари организирани дежурни аптеки ќе продаваат лекови за време на ноќта, за викенд и државни празници. Целат на проектот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ)  е согласно потребите на населението непречено да се обезбедат лекови на рецепт од листата на товар на Фондот.  Како што истакна директорот на ФЗОМ Јован Грповски, за проектот „Дежурни аптеки“ разговарале и со Фармацевтската комора на Македонија од која добиле целосна поддршкa. „Заедно со Фармацевтската комора дојдовме до решение во градот Скопје (општините Центар, Аеродром, Карпош, Чаир и Кисела Вода), како и во градовите Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид, Струмица, Велес, Кавадарци, Штип, Кочани, Струга и Гостивар, каде што има над 30.000 осигуреници и најмалку 15 аптеки во градското подрачје, да има дежурни аптеки кои ќе работат во текот на ноќта и за празниците“, изјави Грповски. За градовите кои имаат помалку од 15 аптеки и помалку од 30.000 жители, ќе има обезбедено дежурна аптека која ќе биде достапна на повик, а информациите на кој телефон ќе може да се повика аптеката во овие градови ќе ја има на веб-страницата на Фондот, како и во дежурните служби. „И натаму ќе останеме посветени на унапредување на услугите на осигурениците и поголема достапност до нив“, додаде Грповски.  
Слично

Поврзани вести