Девојки во топлес го прекинаа говорот на Олаф Шолц и побараа ембарго на гасот
Топлес демонстранти го прекинаа говорот на германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин. На кожата имаа испишан натпис „Ембарго на гас веднаш“.
Работниците од обезбедувањето мораа да интервенираат кога неколку девојки во топлес, на кои беше испишан слоганот „гасно ембарго сега“.
Олаф Шолц имаше говор по повод Отворениот ден на Федералната влада, кога граѓаните можат да ги посетат просториите на владата, министерствата и федералната канцеларија за медиуми.
Имено, германскиот канцелар се најде на удар на критики поради неговата енергетска политика. Неговите критичари тврдат дека политиката што ја води моментално функционира во прилог на Русија.
Германија одлучи да престане со увоз на руска енергија целосно од 2024 година, што е голема промена, бидејќи најголемата европска економија е доминантен корисник на руските енергетски извори.
Меѓутоа одлуката за намалување на зависноста од рускиот гас и нафта им донесе проблеми на многу Германци, бидејќи нивната сметка значително се зголеми.
Минатата година 55 отсто од гасот што Германија го увезува доаѓаше од Русија, а на крајот на јуни тој процент падна на 26 отсто - пред се поради многу помалиот проток на гас преку Северниот тек, кој моментално работи со капацитет од 20 отсто.
