Девојка и момче од Србија краделе возила во Грција
Полицијата во Грција уапсила двајца државјани на Србија осомничени за кражба на неколку луксузни автомобили на Халкидики.
Уапсени се 24-годишна девојка и 33-годишно момче кои се дел од групата која крадела автомобили.
Украдените возила ги криеле во куќа која привремено ја изнајмиле на Халкидики.
Тие од 13 јули во поширокиот регион на Касандра украле четири возила марка „ленд ровер“, а се обиделе да украдат уште едно.
Треба да се истражи дали осомничените учествувале во уште некои кривични дела.
Приведените ќе бидат изведени пред обвинителот на регионот Халкидики.
Слично
