Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девојка цепи дрва и коси трева за да заработи за школување

Девојка цепи дрва и коси трева за да заработи за школување

Дајана Згодиќ(20) од малото рударско место Љубије и студентка на Високата медицинска школа во Приједор, не бира  работа само за да заработи за школување. 

Таа ги засука ракавите и вредно работи за да купи книги, да си го плати превозот и да има пари за џепарлак. 

Згодиќ цепи дрва, варосува овошки, коси трева и помага на старите соседи на кои им треба помош. 

Вели дека соседите плаќаат кој колку има и може, а често работи, помага и без надомест. 

„На некој треба да му исцепам или донесам дрва, да одам до продавница да му купам нешто, на некого нешто да му окосам, да му ја средам куќата. Тоа воглавно се стари луѓе на кои им треба помош. Обично ме наградуваат, иако директно никогаш не барам пари. Сите не се во можност да платат, затоа што овде се живее многу тешко“ - раскажува оваа девојка. 

Нејзините родители не примаат плата редовно и можат да помогнат само за најосновните работи. Девојката вели дека да се работи не е тешко и дека има доволно време за сите активности. 

Слично

Поврзани вести