Девојче загина во невремето во Тетово
Малолетно девојче од Голема Речица го загуби животот во невремето што попладнево ја зафати државата.
Девојчето се удавило во Речишка река, а нејзиното тело е пронајдено на брегот со видливи повреди во пределот на главата.
Невремето кое ја зафати Македонија, најмногу штета направи во Тетово каде се излеа реката Пена и има повеќе одрони и свлечишта.
Екипи на Дирекцијата се излезени на терен кои помагаат во расчистување на теренот од надојдената вода.
Најкритично е во Мала и Голема Речица, Доброште и Шипковица.
Слично
