Економија, финансии, бизнис

Контакт

Девизните резерви во февруари пораснале за 5,9 милиони евра

Девизните резерви во февруари пораснале за 5,9 милиони евра

Силен раст на девизните резерви во месец февруари регистрира Народната банка.

Имено, тие достигнаа 2.563.000.000 евра или 5,9 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец.

Најголем дел од вкупните девизни резерви зафаќаат хартиите од вредност, па на крајот на февруари на оваа сметка имаше салдо од 1.712.900.000 евра. Еден месец претходно, хартиите од вредност изнесуваа 2.159.500.000 евра, додека во февруари 2016 година достигнаа ниво од 2.161.000.000 евра.

Што се однесува до салдото на валути и депозити заклучно со 28-ми февруари, имаше 135.800.000 евра, еден месец претходно беа на ниво од 143.400.000 евра.

Слично

Поврзани вести