ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Пад на салдото во август
Пад на салдото на девизните резерви во месец август и намалување од 20,6 милиони евра во однос на претходниот месец.
Според мерењата на НБРМ, уште од март девизните резерви бележат намалување, а во август стигнаа до 2,177 милијарди евра, или ако се споредат податоците од јануари до август девизните резерви се намалени за 306 милиони евра.
Низ месеците од оваа година податоците покажаа:
јануари 2.483.700.000 евра
февруари 2.330.700.000 евра
март 2.354.800.000 евра
април 2.344.300.000 евра
мај 2.328.500.000 евра
јуни 2.254.800.000 евра
јули 2.198.300.000 евра
август 2.177.700.000 евра
Дел од економистите велат дека нема потреба за загриженост, бидејќи нивото на девизните резреви е во безбедна зона.
Салдото на девизните резерви било највисоко во јануари, а најниско во август.
Слично
