ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ 2015 : Вредноста на монетарното злато се „топи“!
Заклучно со 2015 та година, салдото на девизните резерви изнесува 2 милијарди и 261 милион евра, покажуваат сумираните податоци на Народната Банка. Имено на крајот од четвртиот квартал во споредба со состојбата во третиот квартал, државните резерви се зголемени за 74,3 милиони евра. Според НБМ, овие промени во сотојбата со девизните резерви била ккао резултат на транскациите што го направила државата и преку новите задолжувања и преку раздолжувањето што се спроведе на крајот од 2015 година.
“Според последните расположливи податоци, во четвртото тримесечје на 2015 година, девизните резерви (приспособени за ценовни и курсни разлики и ценовни промени на хартиите од вредност) бележат раст. Гледано преку факторите на промена, во овој период, во најголем дел, промените во резервите произлегоа од трансакциите за сметка на државата. Имено, во текот на декември, државата се задолжи на меѓународниот финансиски пазар со издавање на четвртата евро-обврзница (270 милиони евра), а истовремено ги исплати и обврските врз основа на надворешен долг врз основа на претходно издадена евро-обврзница (150 милиони евра). Со оглед на ограниченоста на расположливите показатели за надворешниот сектор за четвртиот квартал, ограничена е и можноста за прецизно утврдување на факторите за промените во девизните резерви и споредба со проекциите“, соопштуваат од Народната Банка.
Анализирано од аспект на структурата, на квартално ниво е забалежано намалување на резервите во монетарно злато. Имено, на крајот од четвртиот квартал вредноста на монетраното злато изнесувала 212,8 милиони евра и во однос на третиот квартал е намалена за 6,5 милиони евра, кога монетраното злато имало вредност од 219,3 милиони евра. Според податоците, на крајот од 2015 година е регистрирано најниска вредност на монетраното злато во споредба со вредноста во текот на целата година, но и во споредба со 2014 година, кога резервите во злато изнесуваа 215,6 милиони евра.
Р.Ф.
Слично
