Деветнаесет години затвор за убиството на медицинската сестра на Детска клиника
На деветнаесет години затвор е осуден Никола Кузмановски, обвинетиот за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска кое се случи на 9 јануари лани на Детската клиника во Скопје.
Кузмановски е осуден за кривично дело убиство на бремено лице. Убиството се случило вечерта околу 19 часот, во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на осмиот кат. Обвинетиот знаел дека медицинската сестра е бремена.
Кузмановски и медицинската сестра која била десет години постара, се од скопското село Петровец.
Иако била во брак, таа била во љубовна врска со обвинетиот за убиство.
По убиството на сестрата обвинетиот сакал да се самоубие, но полицијата го спречила во намерата по што се предал.
