Deutsche Welle: Во непризнатата Турска Република Северен Кипар се одржуваат претседателски избори
Во непризнатата Турска Република на Северен Кипар денеска гласаат за нов претседател, јавува „Deutsche Welle“. Право да учествуваат во изборот имаат 176 илјади државјани. Избирачките места ќе биадт отворени до 18 часот вечерва (локално време).
Покрај в.д. претседателот Дервиш Ероглу, за функцијата претендираат уште шест кандидати. Главните теми од кампањата биле односите со Република Кипар и статусот на Турска Република Северен Кипар, која засега останува непризнаена.
Кипар е поделен во 1974 година по вооружениот конфликт со Турција. Од територијата на земјата 37% се окупирани, врз кои во 1983 година е прогласена Турската Република Северен Кипар.
Слично
